29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск привремено го одложи купувањето на Твитер, ќе бара лажни профили

Маск привремено го одложи купувањето на Твитер, ќе бара лажни профили

Милијардерот Илон Маск денеска објави дека привремено го одложил купувањето на компанијата Твитер за 44 милијарди долари, додека не добие повеќе информации за тоа колку лажни или несакани профили има на таа социјална мрежа.

На почетокот на овој месец, Твитер процени дека лажните или спам профилите сочинуваат помалку од 5,0 отсто од неговите 229 милиони дневни активни корисници во првиот квартал, објави Ројтерс.

„Договорот со Твитер е привремено одложен додека се чекаат детали кои ја поддржуваат пресметката дека спам/лажните профили всушност претставуваат помалку од 5,0 отсто од корисниците“, напиша Маск денеска на Твитер.

Акциите на социјалната мрежа паднаа за 17,7 отсто по неговиот твит на 37,10 долари во тргувањето пред отворањето на Њујоршката берза, што е најниско ниво откако Маск на почетокот на април објави дека купил 9,0 отсто од акциите на Твитер откако даде „најдобра и конечна“ понуда за 100 процентно преземање на компанијата по цена од 54,20 долари по акција.

Проценетата веројатност дека купопродажниот договор ќе биде склучен по понудената цена првпат падна под 50 отсто во вторникот, кога акциите на Twitter паднаа под 46,75 долари.

Маск, најбогатиот човек на светот, изјави дека еден од неговите приоритети по преземањето на Твитер ќе биде да ги отстрани „спам-ботовите“ од платформата.

Твитер не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на денешната порака на Маск, а ниту неговата компанија „Тесла“ не беше достапна за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП