6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ79. ден војна во Украина: Апликацијата на Финска за членство во НАТО...

79. ден војна во Украина: Апликацијата на Финска за членство во НАТО на почетокот на следната недела; Киев тврди дека е погоден уште еден руски брод

Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во 79. ден. Борбите за змискиот остров продолжуваат, а Украина тврди дека уште еден руски брод бил погоден во Црното Море.

Мишел: Глобалната безбедност е загрозена

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска при посетата на Хирошима изјави дека глобалната безбедност е загрозена, како што наведе, „од руската инвазија на Украина и неодамнешниот севернокорејски ракетен тест“.

Мишел рече дека Хирошима, град кој настрада од атомско бомбардирање, е „остар потсетник“ дека е итно да се зајакнат меѓународните правила за нуклеарно разоружување и контрола на вооружувањето, пренесува Ројтерс.

Зеленски: Стратешкиот пораз на Русија е очигледен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија има големи стратешки загуби во Украина.

-Тоа е очигледно и цел свет го гледа. Русија едноставно нема храброст да го признае тоа, рече Зеленски.

Потоа ја искористи приликата уште еднаш да ги нарече Русите кукавици бидејќи се обидуваат да ја сокријат вистината.

Тој им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите кои ги спасуваа животите на украинските војници, а потоа додаде дека руските сили уништиле 570 здравствени установи од почетокот на војната.

Алексеј Пушков: Нуклеарното оружје во Украина ќе доведе до апокалипса

Распоредувањето на нуклеарното оружје на НАТО во Украина може да доведе до апокалипса, напиша на Телеграм сенаторот Алексеј Пушков.

Според него, овој неприфатлив чекор ќе има непредвидливи последици за светската безбедност.
„Распоредувањето на нуклеарно оружје во Украина е сигурен пат до апокалипса. Тоа мора да се исклучи под сите околности“, рече Пушков.

Украинските трупи ги гранатираа Пантелејмоновка и Јасиноватаја

Украинските војници ја гранатираа Пантелејмоновка во петокот наутро и истрелаа шест гранати од 122 милиметри, соопшти претставништвото на Народната република Доњецк во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот (JCCC).

Украинските војници пукале врз селото Јасиноватаја во Доњецк во 6.50 часот по московско време, истрелувајќи десет ракети, објави канцеларијата на ДПР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот (JCCC) на својот канал на Телеграм.

Канцеларијата на ДНР претходно извести за два напади на украинските војници на Јасиноват, во 6.30 и 6.40 часот.

Киев: Удривме уште еден руски брод во Црното Море

Украинските власти соопштија дека нивните сили погодиле уште еден руски брод во Црното Море, пренесува АП.

Советникот на претседателот на Украина Олексиј Арестович доцна во четвртокот навечер изјави дека логистичкиот брод „Всеволод Бобров“ бил погоден кога се обидел да го достави противвоздушниот систем на змискиот остров.

Тој рече дека бродот е тешко оштетен, но дека не верува дека потонал. Портпаролот на регионалната воена администрација во Одеса изјави дека по ударот на бродот избил пожар.

Од Русија нема потврда за нападот, ниту информации за можни жртви.

Апликацијата на Финска за членство во НАТО на почетокот на следната недела

Финска е подготвена да испрати официјална апликација за членство во НАТО на почетокот на следната недела, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто за јапонскиот јавен сервис NHK.

-Доколку парламентот одобри, најверојатно до средината на неделата ќе поднесеме барање. Шведска ќе го разгледа ова прашање речиси во исто време, рече Хависто, пренесува ТАСС.

Според него, Финска е подготвена за каков било развој на настаните на границата со Русија, но би сакала ситуацијата во таа област да остане мирна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП