4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБурињата полни со линадан од Охис чекаат карта за во Франција

Бурињата полни со линадан од Охис чекаат карта за во Франција

По еден месец работа во Охис, неизвесно е дали и следната недела опасниот линдан ќе биде префрлен до солунското пристаниште. Информациите до кои дојде Денар се дека нема простор за паника, опасниот линдан е добро спакуван и во моментов не може да предизвика никакви последици по животната средина и по здравјето на граѓаните. Гужвите на пристаништето во Грција и промената на термините за пловење на бродот кој треба да го транспортира линданот до Франција се клучните пречки за отстранување на опасниот материјал кој со децении е во дворот на некогашниот хемиско гигант Охис. Првичните информации беа дека тој ќе се отстрани најдоцна до трети мај годинава.

Властите од земјава секојдневно чекаат повик од солунското пристаниште за да може до таму да се пренесат бурињата со серионо опасната материја која што со децении е сместена во дворот на фабриката Охис. Од Министерството за животна среднива за Денар велат дека никаков проблем нема да биде тоа што малку се одложи транспортот на линданот. Гарантираат дека тој е соодветно спакуван и нема простор за страв кај граѓаните.

„Најaвениот транспорт на првите количини на спакуван отпад со HCH што се безбедно складирани во ОХИС, чека на „зелено светло“ од Солунското пристаниште согласно изменетиот временски распоред на испораки предизвикан од оптовареност на пристаништето. Транспортот ќе започне веднаш штом ќе се добие одобрение, за што јавноста ќе биде информирана“, велат од  МЖСПП.

Од информациите и материјалите до кои стаса Денар може да се забележи дека чистењето на линданот се одвива во строго внимателни услови. Лицата кои се ангажирани се облечени во заштитни комбилизони, со соодветни гас маски кои ќе ги штитат од несакани последици вдишувајќи го опасниот пестицид. А целиот простор е покриен со соодветен шатор. Податоците велат дека од малата таканаречена депонија извадени се близу три илјади тони линдан, и уште толку земја која била во близина на овој опасен материјал. Земјата според планот треба да се прочистува во Франција.

Инаку, депонијата каде со децении е сместен линданот е една од најопасните не само во Македонија, туку и на светски рамки. И така со години тој опасен материјал бил оставен на отворен простор, во близина на населено место, во главен град на една држава. Екологистите неколку пати алармираа дека линданот со години ја загадува животната средина во Скопје, но по се изгледа дека надлежните не ги земале за сериозни предупредувањата од експертите. Дополнително, екологистите велат дека  линданот може сериозно да ги загади почвата и подземните води не само во околината каде што е стациониран туку и пошироко бидејќи тој може да се сврзува со ПМ10 честичките и потоа има можност да се разнесува пошироко.

Пред две години  граѓани кои што живеат во близина на Охис пријавија дека од фабриката им доаѓа тешка миризба. Од пукната цевка се утврди дека истекле шест тони вода со кои се миела опасната хемиска материја. Граѓаните тогаш се жалеа дека почуствувале тешки миризби на хемикалии штипење на очи, и чешање на кожата. Надлежнитен уверуваа дека водата немала допир со почвата. Во некогашниот хемиски гигант Охис, има 11 црни точки или места каде што се чуваат опасни материи.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП