недела, 3 јули 2022
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новиот „Range Rover Sport“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна новиот „Range Rover Sport“ (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот „Range Rover Sport“ се надоврзува на дизајнерската насока што ја видовме минатата година на новиот „Range Rover“, со поспортски надворешен изглед и позаоблени линии. Визуелните разлики меѓу двата модели се забележуваат на прв поглед, а најмногу се забележуваат во задниот дел каде што верзијата „Sport“ има поконвенционален облик на стоп-светлото.

Должината на „Range Rover Sport“ е 4.946 mm, ширината е 2.209 mm (со ретровизори), а висината е 1.820 mm, додека растојанието помеѓу оските е 2.997 mm. На купувачите ќе им биде достапен прилично голем багажник од 647 литри.

Внатрешноста е едноставна, минималистичка и конзервативна по изглед, со мултимедијален систем со голем екран кој доминира на централната конзола, но и со физички контроли за климатизација и вентилација, што е за пофалба.

Покрај гореспоменатиот екран во форма на таблет, има и дигитализирана табла со инструменти.

Кога станува збор за погонските системи, на купувачите првенствено им се нудат класични бензински трилитарски мотори со 6 цилиндри, во опции со 360 и 400 коњски сили.

Има и два „plug-in“ хибриди, кои комбинираат електричен мотор и 6-цилиндричен бензинец од 3,0 литри. Послабиот има вкупно 440, а посилниот 510 коњнски сили. Автономијата во електричното возење е 113 km според циклусот на мерење „WLTP“.

Достапни се и „лесни“ хибриди (без опција за полнење на батеријата преку кабел). Основата на хибридниот систем е 3,0-литарски 6-цилиндричен, а достапни се варијанти со 250, 300 и 350 „коњи“.

На врвот на гамата е 4,4-литарскиот V8, кој произведува над 530 ks. Сите верзии на новиот „Range Rover Sport“ користат исклучиво 8-брзински автоматски менувач „ZF“, додека погонот на сите тркала е стандарден.

Производителот најави и целосно електрична варијанта за 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП