20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовисоките трошоци ќе го остават „Panasonic“ без профит

Повисоките трошоци ќе го остават „Panasonic“ без профит

„Panasonic“ предвидува дека нејзиниот оперативен профит за оваа фискална година нема да се промени, бидејќи недостигот на компоненти и зголемените трошоци за материјали продолжуваат да претставуваат ризици за финансиските перформанси на гигантот.

Јапонската компанија предвидува дека ќе има оперативна добивка од 360 милијарди јени за годината до 31-ви март 2023-та година, што е многу мала промена од износот од 357 милијарди долари постигнат во претходната деловна година.

Прогнозата е за 5,9% помала од просечниот очекуван износ од 382,7 милијарди јени, според „Refiniv“.

„Panasonic“ произведува производи кои се движат од машини за перење до индустриски машини.

Како и другите компании, тоа беше погодено од цените на материјалите, кои значително скокнаа по руската инвазија на Украина. Во април, извршниот директор Јуки Кусуми рече дека компанијата не може да го пренесе целото зголемување на цената на потрошувачите.

Во исто време, групата се бори со недостиг на компоненти предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Строгите блокади во Кина предизвикуваат загриженост за нови прекини во синџирот на снабдување.

„Panasonic“, производителот на батерии за „Tesla“ автомобилите, компанијата очекува побарувачката за електрични возила да расте, што ќе и помогне на компанијата да се обиде да ги надомести повисоките цени на материјалите, вклучувајќи литиумот, никелот и кобалтот. Тоа ќе го направи преку „ревизија на цената“ и „рационализација“, соопшти компанијата, без да даде дополнителни детали.

Покрај тоа, „Panasonic“ ги посочи ризиците за фабриките на неговите добавувачи поврзани со блокадата поради Ковид-19 и меѓународната ситуација.

„Panasonic“ ги прави батериите на „Tesla“ заедно со кинеската „Contemporary Amperex Technology“ и јужнокорејската „LG Energy Solution“. Компанијата планира да изгради мега-фабрика во САД, каде што ќе произведува нови и помодерни батерии за „Tesla“, објави јапонската јавна телевизија „NHK“ во март.

За трите месеци до 31-ви март, „Panasonic“ објави оперативен профит од 83,3 милијарди јени, што е повеќе од 31,8 милијарди јени добивка од пред една година. Овој резултат е помал од просечната прогноза од 85,5 милијарди јени дадена од девет аналитичари анкетирани од „Refinitiv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП