сабота, 30 септември 2023
ПочетнаКОМПАНИИ„TUI“ очекува да се врати на профитот во 2022-ра

„TUI“ очекува да се врати на профитот во 2022-ра

Туристичката групација „TUI“ објави дека очекува повторно да се врати на профитот во 2022-ра година, откако ќе генерира добар профит од својата основна дејност благодарение на силните резервации. Ова се случи откако земјите ги укинаа патните ограничувања наметнати од Ковид-19, пренесува „Reuters“.

Во вториот квартал загубата на „TUI“ пред камати и даноци (EBITА) се намали на 330 милиони евра, што е речиси половина од износот од 633 милиони евра пријавени за истиот период минатата година.

„TUI“, исто така, соопшти дека генерирала 2,13 милијарди евра приходи од продажба за вториот квартал од фискалната 2022-ра година, почнувајќи од октомври. Ова е девет пати повеќе отколку во вториот квартал од фискалната 2021-ва година и се должи на фактот што луѓето се вратија да патуваат откако тоа повторно стана возможно.

„Силниот бизнис за Велигден беше првиот показател. Големата побарувачка за патувања и добрите деловни перформанси ја потврдија нашата прогноза. 2022-ра година ќе биде добра со силни летни патувања“, коментираше извршниот директор на компанијата Фриц Јосен.

Тој додаде дека очекува капацитетот на „TUI“ да се приближи до нивото пред кризата во фискалната 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП