24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ создаде нов сензор од 200 MP за камери

„Samsung“ создаде нов сензор од 200 MP за камери

„Samsung“ го претстави сензорот за камера „ISOCELLL HP1“ од 200 MP во септември минатата година, но досега не го користел на ниту еден од своите телефони.

Додека чекаме детали за првиот „Samsung“ телефон со сензор за камера од 200MP, од Јужна Кореја пристигнуваат информации дека компанијата развила нов сензор за камера од 200MP.

Се очекува овој сензор да биде имплементиран во телефонот „Galaxy S23 Ultra“, кој ќе биде претставен следната година.

Во извештајот се споменува дека 70% од новите сензори од 200 MP ќе бидат произведени од „Samsung Electro-Mechanics“, кој е оддел за камери на јужнокорејскиот гигант. Останатите 30% ќе ги произведува „Samsung Electronics“.

Нема многу информации за новиот сензор од 200MP за камери, но се очекува наскоро да почнат да се појавуваат повеќе детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП