15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ77. ден војна во Украина: Претставничкиот дом на САД одобри повеќе од...

77. ден војна во Украина: Претставничкиот дом на САД одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина

Би-Би-Си: Русија би можела да доминира во северозападното Црно Море

Русија би можела да доминира во северозападниот дел на Црното Море, доколку ја зајакне својата позиција на Змискиот остров, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Министерството наведува дека на Змискиот остров продолжуваат конфликтите и дека Русија во неколку наврати се обидела да го зајакне својот гарнизон, кој се наоѓа таму, пренесува Гардијан.

Во соопштението се додава дека „доколку Русија ја зајакне својата позиција на Змискиот остров со стратешка противвоздушна одбрана и крајбрежни крстаречки ракети, би можела да доминира во северозападното Црно Море“.

Украина го конфискува целиот руски имот

Украинската влада одобри декрет за префрлање на целиот руски имот на територијата на Украина на државата, односно на државната компанија „Национален инвестициски фонд“.

Премиерот Денис Шмихал на својот Телеграм канал изјави дека Киев ќе земе се што има Русија во Украина и ќе го искористи за зајакнување на армијата, поддршка на народот и обнова на земјата.

– И претседателот и владата во неколку наврати рекоа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина, рече Шмихал, пренесува Укринформ.

Претставничкиот дом одобри повеќе од 40 милијарди долари

Претставничкиот дом на САД одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина. Претставничкиот дом го усвои предлог-законот за помош на Украина со 368 гласа „за“ и 57 „против“, пренесува Ројтерс.

Предлог-законот сега е испратен до Сенатот, кој се очекува брзо да реагира, а потоа претседателот Џозеф Бајден треба да го потпише.

Германски Uniper ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра

Германската енергетска компанија Унипер ќе продолжи да плаќа за рускиот гас во евра, изјави денеска претставник на компанијата за Тас.

-Унипер ќе продолжи да плаќа во евра. Унипер преговара со својот договорен партнер за конкретни услови за плаќање и се консултира со германската влада, рече тој.

Апсурдни тврдења за сајбер напади во Украина

Руската амбасада во Вашингтон ги нарече апсурдни тврдењата на американскиот Стејт департмент за вмешаност на Москва во сајбер напади врз клучната инфраструктура во Украина и порача дека Русија е подготвена за еднаков, професионален и неполитизиран дијалог со САД за безбедноста на информациите.

-Ваквите тврдења се апсурдни и нереални. Нашата земја никогаш не учествувала во сајбер агресија. Тоа е во спротивност со принципиелниот став на Русија, се наведува во соопштението на амбасадата, а пренесува ТАСС.

Џонсон денеска оди во Шведска и Финска

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон денеска ќе отпатува за Шведска и Финска, соопшти неговиот портпарол.

„Не се работи само за Украина, туку и за пошироката безбедност на Европа“, изјави портпаролот на Џонсон, цитиран од Ројтерс.

Се очекува Шведска и Финска да донесат одлука за влез во НАТО овој месец, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП