28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„EasyJet“ отстранува седишта за да ги намали трошоците

„EasyJet“ отстранува седишта за да ги намали трошоците

„EasyJet“ планира да отстрани голем број седишта од своите авиони ова лето за да може да оперира со помалку членови на екипажот.

„EasyJet“ има проблеми со недостиг на екипаж бидејќи се обидува да се врати во бизнисот пред пандемијата на коронавирусот, па ќе го отстрани задниот ред на седишта во својата флота „А319“ за да можат да летаат со тројца наместо со четири членови на екипажот.

Ова „кратење“ ќе го намали капацитетот на патниците на 150, а од „ЕasyJet’ велат дека тоа е ефикасен начин на функционирање на флотата притоа „градејќи дополнителна еластичност и флексибилност“ на операциите на авиокомпанијата.

На овој начин би се запазиле прописите околу бројот на членови на екипажот во однос на бројот на патници во авионот.

Британските авиокомпании и аеродроми имаат голем недостиг на персонал од Велигден, откако индустријата закрепна со укинувањето на ограничувањата наметнати од коронавирусот.

Многу авиокомпании се обидуваат да вработат нов персонал откако тој претходно стана технолошки вишок поради пандемијата на коронавирус.

Сепак, „EasyJet“ очекува враќање на летовите во состојбата од 2019-та година во текот на ова лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП