26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hugo Boss“ се пофали со силен раст за кварталот

„Hugo Boss“ се пофали со силен раст за кварталот

По силниот раст на почетокот на годината, германската модна групација „Hugo Boss“ верува дека е на пат да постигне рекордни резултати и покрај загубата на рускиот бизнис, зголемените трошоци и блокирањето на производството во Кина.

„Генерално, „Hugo Boss“ направи подобро во првите три месеци отколку што очекувавме. Растот на продажбата приспособен според валутата од 52% на годишно ниво е одличен резултат“, рече финансискиот директор Ив Мулер.

 Тој додаде дека компанијата работи динамично во однос на годината пред коронавирусот – 2019-та година.

„Глобално, за три години видовме раст од 17 отсто на годишна основа, поттикнат од постојан раст од 21 отсто во Европа и подеднакво извонреден раст од 17 отсто во Соединетите држави“, рече Мулер.

Модната група, позната по машките костуми, посегна длабоко во маркетиншките џебови.

„Генерално, ова е најголемата кампања во историјата на нашиот концерн досега. Нашите расходи за маркетинг се удвоија на 80 милиони евра во првиот квартал во споредба со 2019-та и 2021-ва година. Износот претставува 10% од приходите на групацијата“, вели директорот

Значителната инвестиција во дигиталното присуство исто така се исплатеше. Дигиталната продажба е зголемена за уште 22%.

Севкупно, приходите во првите три месеци се зголемени за 52% на 772 милиони евра, приспособени на валутни ефекти. И покрај инвестициите, оперативната добивка (EBITА) од 40 милиони евра значително ја надмина вредноста од 1 милион евра за претходната година.

И покрај силниот почеток на годината, „Boss“ ги задржува своите цели за годината непроменети. Тие предвидуваат зголемување на приходите од 10-15% до рекордно ниво од 3,1-3,2 милијарди евра. Во однос на добивката пред камати и даноци (EBITА), групацијата има за цел да се зголеми меѓу 10% и 25% на 250-285 милиони евра.

Постигнувањето на целниот коридор не е однапред одредено, нагласи Мулер. Постојат голем број на ризици кои се надвор од контрола на компанијата.

„Меѓу нив се зголемените транспортни трошоци и секако високата инфлација. Покрај тоа, пандемијата на коронавирус не е завршена. Во моментов, сепак, ние сме убедени дека 2022-ра година ќе биде успешна за „Hugo Boss“ и покрај тешката средина“, објасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП