20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2022

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2022

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2022 година вкупниот промет изнесувал 964.266.757 денари и е зголемен за 36,74 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 581.998.067 денари и е зголемено во однос на март за 60,56 отсто кога изнесувало 362.473.605 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 506.224.852 денари и обврзници во вредност од 75.773.215 денари.

Блок трансакциите во април изнесувале 382.268.690 денари и се зголемени за 23,09 отсто во однос на март.

Бројот на трансакции во април изнесувал 1.853 и е зголемен за 26,40 отсто во однос на март кога изнесувал 1.466.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Гранит АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за април 2022 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП