17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ73. ден војна во Украина: Русите ја продолжуваат офанзивата на истокот од...

73. ден војна во Украина: Русите ја продолжуваат офанзивата на истокот од земјата, „Азовстал“ се уште е целосно блокиран

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 73. ден. Американскиот претседател Џо Бајден вчера одобри нов пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува дополнителна артилериска муниција, радари и друга воена опрема во вредност од 150 милиони долари. Околу 50 цивили вчера беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Бајден: Стоп за истекувањето на информации за размена на податоци со Украина

Во разговор со највисоките претставници на американските разузнавачки и одбранбени претставници, американскиот претседател Џозеф Бајден ја истакна важноста на нивната работа, но исто така рече дека неодамнешните медиумски извештаи за размената на американски разузнавачки информации со Украина се контрапродуктивни, изјавија двајца претставници на администрацијата на кои се повикува NBC News.

Во вчерашниот телефонски разговор со директорот на ЦИА Вилијам Барнс, директорката на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс и министерот за одбрана Лојд Остин, пораката на Бајден беше дека таквите откритија „го одвлекуваат вниманието од нашата цел“, рече еден функционер.

Друг официјален претставник рече дека Бајден рекол дека таквото истекување „ќе мора да престане“, според NBC News.

Велика Британија и донира генератори на Украина

Британската влада денеска објави дека на Украина ќе и донира 287 мобилни генератори за електрична енергија, покрај 569-те генератори што ги донираше претходно.

Новите генератори, кои се доволни за напојување на речиси 8.000 домови, ќе се користат за болници, засолништа и други услуги, објави Одделот за бизнис, енергија и индустриска стратегија, пренесува Ројтерс.

Русија ја продолжува офанзивата на исток и го напаѓа Азовстал

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили ги продолжуваат офанзивните операции во источната оперативна зона, чија цел е воспоставување целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк и Луганск и задржување на копнениот коридор меѓу нив и Крим.

Генералштабот на Украина наведува дека руските сили продолжуваат да ги блокираат украинските единици во зоната на фабриката Азовстал во Мариупол и дека тие извршиле напади со цел да ја преземат контролата врз фабриката, пренесува Укринформ.

Русија пред ОН претстави докази за злосторства извршени од украински војници

На неформална седница на Советот за безбедност на ОН, руски дипломати презентираа докази за злосторства извршени од украински војници и екстремистички формации. Украинските власти и нивните западни спонзори не сакаат да ја видат реалната ситуација, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

Небензја привлече внимание на фактот дека вооружените сили на Украина распоредуваат тешка воена опрема во населените места и користат цивили како жив штит, што е кршење на меѓународното хуманитарно право.

-Има причини да се верува дека украинската армија и паравоените сили систематски ги прекршуваат сите овие принципи. Многу очевидци сведочат дека украинската армија користи цивили како заложници и жив штит, изјави рускиот дипломат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП