29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезервите за кредитни загуби во Русија ја намалија добивката на „UniCredit“

Резервите за кредитни загуби во Русија ја намалија добивката на „UniCredit“

Италијанската банка „UniCredit“ објави значително помала нето добивка во првиот квартал поради резервирањата за загуби од заеми во Русија.

Нето добивката падна за 70 отсто на 245 милиони евра. Со исклучок на резервацијата за загуби во Русија, таа се зголеми за 48 отсто на 1,2 милијарди евра.

Вкупните приходи се зголемени за 7,3 отсто на пет милијарди евра.

Нето приходите од камати се зголемија за 6,0 отсто на 2,3 милијарди евра. Приходите од провизии се зголемени за осум отсто на 1,84 милијарди евра.

Добивката од тргувањето скокна за 27 отсто на 785 милиони евра.

Банката издвои 1,3 милијарди евра загуби од кредити во првиот квартал, речиси целосно поврзани со Русија.

Стапката на адекватност на капиталот на крајот на март беше за еден процент помал во однос на крајот на минатата година и изнесуваше 14 отсто.

Од банката очекуваат приход од 16 милијарди евра во текот на целата година, кога ќе се исклучи Русија. Во 2021-ва година изнесуваше 18 милијарди евра. Нето добивката се проценува до 3,3 милијарди евра, наспроти минатогодишните 3,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП