27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛошата перспектива ги турна надолу акциите на „еBay“

Лошата перспектива ги турна надолу акциите на „еBay“

„еBay Inc.“ даде слаба прогноза за заработката и профитот за тековниот квартал, забрзувајќи го падот на цените на акциите од врвните вредности постигнати за време на пандемијата, кога купувачите беа блокирани дома. Акциите паднаа за 8% во сесијата после работното време, пишува „Bloomberg“.

Приходите ќе бидат помеѓу 2,35 и 2,4 милијарди долари за периодот што завршува во јуни, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија. Според податоците собрани од „Bloomberg“, аналитичарите прогнозираат просечни 2,53 милијарди долари. Заработката, без некои ставки, ќе биде од 87 до 91 цент по акција, што не е во согласност со просечната прогноза од 1,02 долари.

Импулсот што го доби страницата за онлајн шопинг за време на пандемијата, кога луѓето ги напуштија продавниците поради е-трговијата, се намалува бидејќи купувачите се враќаат лично да гледаат и купуваат стоки. Извршниот директор Џејми Џаноун вели дека бизнисот со рекламирање и плаќање на „еBay“ може да го зголеми профитот дури и ако севкупните плаќања на страницата се намалат. Тој вети дека ќе се фокусира на артиклите со највисоки цени за кои е потребна автентикација, како што се брендирани патики, часовници и други колекционерски предмети, и ќе троши помалку пари на промоции кои привлекуваат случајни клиенти кои не остануваат долго.

Приходите на „еBay“ паднаа за 5,9 отсто на 2,48 милијарди долари во периодот што заврши на 31-ви март, се вели во соопштението на компанијата. Просечната проценка на аналитичарите беше 2,46 милијарди долари, според податоците собрани од „Bloomberg“. Заработката, без некои ставки, е 1,05 долари по акција, што ги надминува проценките од 1,04 долари.

Акциите паднаа на 49,50 долари во тргувањето по работното време, откако беа затворени на 54,42 долари во Њујорк. Акциите на компанијата паднаа за околу 18% досега во оваа година, во согласност со поширокиот пад на пазарот.

„еBay“ го заврши кварталот со 142 милиони активни купувачи, 13% помалку од претходната година. Бруто обемот на стоки, што ја претставува вредноста на сите стоки продадени на страницата, падна за 20% на 19,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП