29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали би го купиле теренецот „Geely Xing Yue“ за 17.500 евра? (ФОТО/ВИДЕО)

Дали би го купиле теренецот „Geely Xing Yue“ за 17.500 евра? (ФОТО/ВИДЕО)

Во последно време многу се зборува за групацијата „Geely“, која поседува брендови како „Volvo“, „Lotus“ и „smart“ (50% со „Daimler“). Затоа е интересно да се дознае какви автомобили нуди кинескиот производител. Разновидноста на моделите е голема, а „Xing Yue“ е еден од највпечатливите меѓу нив.

Овој модел е „SUV“ купе – формат кој стана доста популарен во Европа во последните неколку години. И иако изгледа како „BMW X4“, автомобилот има навистина поинаков дизајн, па затоа не може да биде плагијат.

Друга предност на моделот е фактот што овој теренец се базира на модуларната „CMA“ платформа. Тоа е и основата на „Volvo XC40“, кој е доста популарен во Европа. Димензиите на „Xing Yue“ се должина од 4,6 метри, широчина од 1,87 метри и височина од 1,64 метри. Растојанието меѓу двете оски е 2,7 метри.

Возилото е придвижувано од погонски единици на „Volvo“, а најмоќниот е 2.0-литарски турбо мотор со 235 ks. Работи со 8-брзински автоматски менувач. Постои и верзија со 3-цилиндричен мотор со волумен од 1,5 литри, кој разавива 174 ks. Овој мотор може да биде потпомогнат од стартер-генератор, кој ја зголемува моќноста на 188 ks. Ова ја намалува потрошувачката на гориво за 5,6 l/100 km.

Најеколошката верзија има „plug-in“ хибриден систем со 255 ks и 415 Nm, при што клиентот избира помеѓу две батерии. Едната има капацитет од 11,3 kW / h, а втората е со 15,2 kW / h. Километражата само на струја е 80 километри. Кабината е исто така високо-технолошка, која нуди два екрани – 9-инчни за контролната табла и 12,3-инчи за инфозабавниот систем.

Најдоброто нешто кај ова „SUV“ купе сепак е неговата цена која започнува од нешто повеќе од 17.500 евра, а завршува на 27.200 евра, што најверојатно, би му обезбедило клиенти во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП