Во текот на септември 2021-ва година, се појавија информации дека „Google“ подготвува два телефони со флексибилни екрани. Иако ниту еден од нив сѐ уште не е објавен, сега се појавија нови детали.
Дојавувачот Рос Јанг сугерира дека барем еден флексибилен телефон на „Google“ ќе биде во оптек до крајот на годината и ќе има главен дисплеј сличен на оној на „Samsung Z Fold 4“ (6,19 инчи), но со помал надворешен екран од 5,8 инчи.

