20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој стои зад купувањето на Маск на Твитер

Кој стои зад купувањето на Маск на Твитер

Во документацијата на Комисијата за хартии од вредност на САД(SEC), објавена во четвртокот, покажува дека Лари Елисон, главниот извршен директор на Oracle, „допринесува“ со 1 милијарда долари на Маск за купувањето на Твитер.

И не е единствениот, оваа „сага“ има и други клучни играчи, подготвени да поддржат трансакција вредна 44 милијарди долари.

Според CNBC, компанијата Sequoia учествува во купувањето на Twitter со 800 милиони долари, додека Binance, кој несомнено профитираше од љубовта на Маск кон криптовалутите, инвестира 500 милиони долари.

Други инвестициски фирми кои ја поддржуваат понудата на Маск се Qatar Holding, кој обезбедува 375 милиони долари и Fidelity, кој вети 316 милиони долари.

Исто така, истата документација покажува дека основачот на Тесла и најбогатиот човек на светот обезбедил вкупно 7,14 милијарди долари. Мултимилијардерот Елисон со својот придонес би станал најголемиот актуелен спонзор.

Новите обврски ќе му помогнат на Маск да ја намали маржата на заемот што го зема, од 12,5 милијарди долари на 6,25 милијарди долари.

Саудискиот принц Алвалид бин Талал, кој минатиот месец, како еден од најголемите инвеститори на Твитер, ја одби понудата на Илон Маск да ја преземе платформата – сега вети дека ќе купи 34.948.975 акции, во вредност од околу 1,7 милијарди долари.

-Не верувам дека предложената понуда на Илон Маска (54,20 долари по акција) е блиска до суштинската вредност на Твитер, со оглед на неговите изгледи за раст – изјави принцот во средината на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП