24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Shell“ објави историски висок профит и покрај отписите во Русија

„Shell“ објави историски висок профит и покрај отписите во Русија

Енергетската компанија „Shell Plc“ објави најсилна квартална добивка во својата историја, поддржана од високите цени на нафтата и гасот, и покрај тоа што се соочува со штета од 3,9 милијарди долари поради планираното излегување од Русија.

Последниот претставник на т.н група „Big Oil“ (колективно име за сите големи меѓународни нафтени компании), која ги презентираше финансиските податоци за првиот квартал, го истакнува растот на енергетскиот сектор во услови на раст на цените на горивата, кои дополнително ја забрзуваат инфлацијата на глобално ниво.

Компанијата со седиште во Лондон ги надмина дури и најхрабрите проценки на аналитичарите, бидејќи екстремната нестабилност на енергетските пазари помогна нејзиниот оддел за тргување да ги зголеми приходите.

Зголемените добивки предизвикаа нови повици од активисти за воведување на непредвиден данок. Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон ја отфрли таквата политика, велејќи дека тоа ќе ги обесхрабри виталните инвестиции во домашните енергетски резерви.

„Резултатите „ни даваат доверба да планираме идни распределби на акционерите и дисциплинирани инвестиции што ќе ја забрзаат нашата стратегија“, рече извршниот директор на „Shell“, Бен ван Бурден.

„Средствата предвидени за отплата на инвеститорите во втората половина од годината може да надминат 30% од паричниот тек од работењето“, додаваат од компанијата.

Бидејќи руската инвазија на Украина го наруши балансот на голем број пазари, од сурова нафта и природен гас до растителни масла и никел, купувањето и продавањето стоки се покажаа како многу профитабилни. Британскиот енергетски гигант „ВР“ соопшти дека неговата трговска единица забележала „исклучително“ силни перформанси во првите три месеци од годината. Во „Shell“, маржите за рафинирање и тргување скокнаа во исто време за 1,13 милијарди долари во споредба со четвртиот квартал.

Прилагодената нето добивка на „Shell“ за првиот квартал достигна 9,13 милијарди долари, во споредба со 3,23 милијарди долари една година порано. Оваа бројка ги исклучува големите отписи кои произлегуваат од планираното излегување на компанијата од Русија, вклучувајќи го и проектот „Сахалин-2“ за течен природен гас (LNG).

Големите енергетски компании – со исклучок на американската „Chevron Corp.“ – имаат отпишано вкупно 37 милијарди долари поради прекинот на врските со Кремљ по инвазијата на руската војска во Украина.

Просечниот поврат на инвестицијата на „Shell“ – мерка за тоа колку ефикасно компанијата ги користи парите на инвеститорите, се зголемува на над 10% за прв пат по повеќе од една деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП