2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо јануари пристигнува новиот Мustang

Во јануари пристигнува новиот Мustang

mustang

„Ford Mustang“ е синоним за американските „мускулести“ автомобили, а во јануари на меѓународниот авто-саем во Детроит ќе биде претставена шестата генерација на оваа икона на автоиндустријата.

Тоа што засега се знае за шестата генерација е дека ќе ја придвижува „EcoBoost motor“ 2.3 литарски со четири цилиндри кој ќе би требало да развива повеќе од 300KS. Овие спецификации се само за европскиот пазар, затоа што Американците и натаму сакаат да уживаат во V6 и V8 моторите. Сепак американските компании најавуваат дека наскоро и на европјаните ќе им понудат 5-литарски V8 мотор.

Новиот „Mustang“ ќе биде за 200 килограми полесен од актуелниот модел, што значи дека ќе има маса од 1406 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП