23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск: Премногу е рано да зборуваме за промени на Твитер

Маск: Премногу е рано да зборуваме за промени на Твитер

Новиот сопственик на Твитер, милијардерот Илон Маск, нема да одговори на повикот на британската парламентарна комисија која го разгледува предлог законот за безбедност на Интернет, бидејќи смета дека е прерано.

Одборот денеска го повика Маск да ги објасни своите планови по купувањето на Твитер и промените што ги предлага на таа социјална мрежа.

Маск, кој најави промени по купувањето на Твитер за 44 милијарди долари, смета дека сега е рано да се одговори на тој повик, пренесува АП.

„Почестен сум и му благодарам на парламентот за поканата, но сега би било рано да се прифати, имајќи предвид дека немало акционерско гласање (за договорот за купување на Твитер)“, рече Маск.

Одборот, наводно, сакал од Маск да дознае повеќе за тоа како ќе постигне рамнотежа помеѓу неговата јасна посветеност на слободата на говорот и новите обврски да ги заштити корисниците на Твитер од штетата што може да им се нанесе.

Маск претходно изјави дека сака на Твитер да се овозможи “автентикација“ на сите луѓе, што АП го толкува како двосмислен предлог, кој може да се поврзе со неговата желба да ги отстрани автоматските налози за непосакувани посети.

Предлог-законот на британската влада за безбедност на интернет, кој го разгледуваат членовите на парламентот, ќе им даде на регулаторите широки овластувања да се занимаваат со компаниите за дигитални и социјални медиуми.

Меѓу мерките од предлог-законот, кои се насочени кон борба против злоупотребата на iнтернет, е и барањето најголемите платформи да им обезбедат на корисниците можност да го потврдат својот идентитет и да изберат да не комуницираат со непроверени корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП