20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој „омрси брк“ од високите цени на гасот во Европа?

Кој „омрси брк“ од високите цени на гасот во Европа?

Норвешкиот енергетски гигант Equinor во средата објави дека неговата добивка во првиот квартал е зголемена за четири пати.

На ова влијаеше скокот на цените на гасот во Европа во периодот на ниски залихи и ограничена понуда поради војната во Украина.

Прилагодената добивка пред оданочување се зголеми повеќе од четири пати во првиот квартал, на 18 милијарди долари. Вкупниот приход е повеќе од двојно зголемен, на 36 милијарди долари.

Продажбата на природен гас сега е најпрофитабилниот бизнис на Equinor, кој ја засенува нафтата, традиционално главниот извор на приход, благодарение на напорите на Европа да ги пополни исцрпените складишни капацитети бидејќи може да го изгуби пристапот до рускиот гас поради војната во Украина.

Просечната фактурирана продажна цена на природниот гас во Европа во првите три месеци од оваа година била за 345 отсто повисока од првиот квартал од 2021 година поради ниските залихи, големата побарувачка и ограничената понуда, објави норвешката компанија.

„Го оптимизиравме производството на гас за да ги зголемиме испораките, а Hammerfest LNG треба да биде лансиран на 17 мај, по безбедносните проверки“, рече извршниот директор Андерс Опедал, мислејќи на гасната централа на Арктикот затворена по пожарот во 2020 година.

Компанијата го потврди планот за повлекување од Русија, отпишувајќи средства од 1,1 милијарди долари во првиот квартал и суспендирајќи ги набавките.

„Equinor престана да тргува со руска нафта. Тоа значи дека Equinor повеќе нема да склучува нови трговски зделки или да преговара за транспорт на нафта и деривати од Русија“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП