9 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ71. ден војна во Украина: Тешките борби продолжија во Мариупол; Украина ја...

71. ден војна во Украина: Тешките борби продолжија во Мариупол; Украина ја презема контролата врз населбите во близина на Керсон?

Украина ја врати контролата врз неколку населени места околу Николаев и Херсон на југот на земјата, соопштија воени претставници.

Како што се наведува, поради успешните акции на украинските бранители, руските сили „изгубиле контрола над неколку населени места на границата на регионите Николаев и Херсон“, се вели во најновиот разузнавачки извештај на украинскиот Генералштаб на вооружените сили.

Сепак, тешките борби продолжуваат во Мариупол, каде руските окупатори ги фокусираат своите напори на блокирање и обиди за уништување на украинските единици стационирани во зоната на челичаната Азовстал, додаваат официјални лица.

Со поддршка на авиони, непријателот ја продолжи офанзивата со цел да ја преземе контролата врз фабриката, се наведува во извештајот.

Русија исто така „провоцира тензии“ во придњестровскиот регион во Молдавија, тврди Украина.

Украински официјални лица: Руските сили започнаа сеопфатен напад врз Азовстал

Украинските власти денеска соопштија дека руските сили извршиле сеопфатен напад врз фабриката за челик Азовстал во близина на Мариупол. Како што изјави командантот на Азовскиот полк Денис Прокопенко, украинските сили внатре во фабриката веќе втор ден водат „тешки, крвави битки“, пренесува Би-би-си.

-Горд сум на моите војници кои вложуваат натчовечки напори да го спречат притисокот на непријателот. Ситуацијата е исклучително тешка, рече Прокопенко во кратката видео порака објавена на Телеграм.

Според извештаите на медиумите, руските сили влегле во фабриката по неколкудневните напади. Се верува дека внатре има околу 200 цивили, вклучително и деца. Би-Би-Си наведува дека не може независно, од други извори, да ги провери извештаите за рускиот напад на челичарницата.

Зеленски: Русија сонува да ја освои Украина и другите европски земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски посака мир за време на неговото обраќање во Данска по повод 77-годишнината од ослободувањето на таа скандинавска земја од нацистите во Втората светска војна.

-Руската држава не е подготвена да ја запре војната. Тие сонуваат да ја освојат Украина и другите европски земји. Тие сè уште сонуваат дека слободата на Европа ќе исчезне. Но, нивните соништа нема да се остварат. Сонот за мир ќе се оствари. Исто како што се случи пред 77 години, рече Зеленски. Снимка од неговото однапред снимено обраќање беше прикажана на плоштадите во Копенхаген.

Во својот говор тој предупреди дека руската инвазија може да се прошири и во другите европски земји.

-Украина одлучува за иднината на нашиот континент. Не само ние, туку дали нашите соседи ќе имаат мир. Никој не може да каже уште колку дена ќе трае оваа војна. Но, тој верува дека се наближува нашиот ден на ослободување, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП