19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАChrome е најпопуларниот пребарувач - изненадување на второто место

Chrome е најпопуларниот пребарувач – изненадување на второто место

Иако малкумина беа заинтересирани за Internet Explorer, се чини дека Microsoft направи многу подобра работа кога станува збор за интернет прелистувачот Edge.

Според најновата статистика на аналитичката компанија Statcounter, Edge штотуку го надмина Safari и стана вториот најпопуларен интернет прелистувач кога станува збор за десктоп платформите.

Анализите покажуваат како Microsoft Edge напредува бавно во споредба со Safari, од март 2021 година. Google Chrome останува неприкосновен, најпопуларен веб-пребарувач.

Статистиката во областа на најпопуларните десктоп прелистувачи на пазарот изгледа вака:

Google Chrome: 66,64%
Microsoft Edge: 10,07%
Сафари: 9,61%

Со оглед на тоа што корисничката база на Windows е значително поголема од Apple Mac, има смисла дека Microsoft Edge има поголем потенцијал за раст од Safari. Од друга страна, можно е помалку сопственици на Mac да користат Safari како главен прелистувач за десктоп.

Интересно е тоа што Firefox, кој за малку ќе го надминеше Safari во февруари, сега изгуби повеќе активни корисници и сега држи 7,86% од пазарот. Не се знае дали се префрлиле на Chrome или Edge.

Другите прелистувачи сочинуваат вкупно 2,5% од корисничката база, додека Opera ја користат 2,44 проценти од вкупниот број корисници на десктоп интернет прелистувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП