27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеплек АД Скопје прокнижи солидна добивка за првиот квартал

Реплек АД Скопје прокнижи солидна добивка за првиот квартал

Консолидираната оперативна добивка на Реплек АД скопје за периодот од 1 јануари 2021 година до 31 март 2022 година изнесува 58.983.793 денари. Оперативните приходи изнесуваат 367.138.773 денари и се зголемени за 1%, а оперативните расходи изнесуваат 291.605.605 денари и бележат зголемување од 0,2% во однос на истиот период претходната година.

Консолидираните приходи од продажба се зголемени за 2% во однос на истиот период минатата година, односно приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 1,6%, а приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 3,2%, со следната структура:

  • Приходите од продажба на сегмент фармација се зголемени за 5,6% во однос
    на истиот период минатата година;
  • Приходите од продажба на трговија на разни стоки и угостителски услуги бележат пад во однос на минатата година;
  • Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 71% во вкупните
    приходи од продажба (2021: 71%).

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 57.912.101 денари и бележи намалување од 29% во однос на истиот период минатата година, поради намалување на приходите од продажба кај трговијата на разни стоки и угостителски услуги (Реплек Маркет првиот квартал го заврши со загуба), додека кај консолидираните оперативни расходи се забележува зголемен трошок за електрична енергија, амортизација, трошок за вработени и зголемени цени на суровините и амбалажата.

Во консолидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2022 година кредитното задолжување е намалено за 9.334.502 денари, односно на 31 март 2022 година изнесува 180.001.323 денари (на 31 декември 2021 година изнесува 189.335.825 денари).

Реализираниот промет на групациско ниво нема значајни отстапувања во однос на планираниот.

Неконсолидиран финансиски резултат

Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 март 2022 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 82.402.942 денари и бележи зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година. Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 80.315.493 денари што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2021 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 76.000.000 денари од остварениот резултат во 2020 година).

Во поединечните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2022 година кредитното задолжување е намалено за 4.880.947 денари, односно на 31 март 2022 година изнесува 43.277.776 денари (на 31 декември 2021 година изнесува 48.158.723 денари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП