Членките на Европската унија, во меѓувреме, разговараат за шестиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Се очекува санкциите да вклучат ембарго на руската нафта, која сочинува четвртина од европскиот увоз. Сепак, се вели дека преговорите се тешки, бидејќи Унгарија, на пример, стави вето на таквата мерка во понеделникот. Дополнително, според извори од ЕУ, неколку руски банки, меѓу кои и Сбербанк, се очекува да бидат исклучени од системот Свифт.

