23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои професии во моментов се најбарани - слободни 5.600 работни места

Кои професии во моментов се најбарани – слободни 5.600 работни места

Пекари, бравари, заварувачи, монтери, се дел од професиите за кои постојано има активни огласи за вработување на пазарот на труд. Ова се дел од најдефицитарните професии во земјава сопред анализата на стопанските комори.

Во моментов на пазарот на труд има активни 5.600 огласи, во најголем дел вработување се бара во преработувачката индустија, трговијата на мало и големо, и информации и комуникации. На веб страницата на Агенцијата за вработување огласите за вработување се ажурираат во зависност од побарувањата на работодавачите.

„Работодавачите искажале потреба за работници од следните занимања: програмер, информатичар, комерцијалист, администратор, административен службеник, келнер, готвач, шанкер, продавач, шивач, градежен работник, тесарски работник, армирачки работник, возачи (на товарни возила, на камиони, на такси), хигиеничар на станбен и деловен простор, хигиеничар на производствени – работни простории, општ работник“, велат од Агенцијата за вработување.

Покрај огласите за вработување побарани од страна на работодавачите, од Агенцијата досега има објавено три огласи од мерките од Оперативниот план за вработување. Преку овој план се очекува годинава да бидат опфатени 15 илјади невработени лица, а за нивна реализација се одвоени 1,8 милијарди денари.

„За учество во програмата Самовработување е предвидена финансиска поддшка за отворање на сопствен бизнис за 2000 лица. За учество во оваа мерка беа поднесени 2968 апликации од страна на невработените лица. Во моментов во тек е селекцијата за изработка на бизнис план. Јавниот повик за  мерката “Практиканство” е сеуште е во тек. Досега поднесени се 791 барања. Вработување и раст е мерка со која се предвидува да се опфатат 262 лица од следните категории млади лица до 29 години, корисници на гарантиранa минимална помош, невработени лица кои ги изгубиле своите работни места поради Ковид 19 и роми. Поднесени се 746 пријави од правни субјекти за вработување на 931 невработени лица„, велат од Агенцијата за вработување.

Последните податоци на Државниот завод за статитика говорат дека во март годинава споредено со истиот месец лани во индустријата како целина бележи тренд на намалување на бројот на работници. Најголем пад има во секторот рударство, преработувачката индустија и со секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареи и климатизација. За разлика од бројот на работници кои бележи тренд на опаѓање индустриското производство претходниот месец зголемено за разлика од истиот месец лани во овие сектори.

-Сектор рударство   3,7%

-Преработувачка индустија 1,4%

-Снабдување со енергија 1,7%

Извор: Државен завод за статистика

Стопанските комори низ постојани анализи годините наназад постојано апелираат на одлив на стручен кадар надвор од земјава, но и на ниско квалификуваната работна сила која излегува од образовниот процес поради што земјава секоја година се соочува со низа професии за кои не може да се најде соодветен работник.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП