17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ68. ден војна во Украина: Договорени уште две локации за евакуација од...

68. ден војна во Украина: Договорени уште две локации за евакуација од Мариупол; Нови експлозии во Русија

Договорени се уште две локации за евакуација од Мариупол

За денеска се договорени уште две локации за евакуација од Мариупол, соопшти Градскиот совет. Во соопштението на Телеграм се наведува дека со поддршка на ОН и Црвениот крст денеска се договорени две дополнителни локации за качување луѓе во конвојот за евакуација што ќе го напушти Мариупол, пренесува Укринформ. Се прецизира дека тие локации се селото Манѓуш и Луначарски прстен кај Берѓанска.

Вчера претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека повеќе од 100 цивили се евакуирани од фабриката за челик Азовстал на територијата под контрола на украинските сили.

Итна средба на министрите на ЕУ поради прекинот на испораките на руски гас

Министрите за енергетика на ЕУ денеска ќе одржат итен состанок бидејќи Русија минатата недела престана да испорачува гас на Полска и Бугарија и се заканува дека ќе го стори истото и на другите земји кои одбиваат да го платат рускиот гас во рубљи.

Полска и Бугарија велат дека веќе имале планови да престанат да користат руски гас и дека можат да се справат со прекините во снабдувањето, но Европа сега стравува дека други земји од Унијата, вклучително и Германија, би можеле да бидат следни.

„Прашање на време е кога Бајден ќе ја посети Украина.

Адам Шиф, претседател на комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД, за Си-Ен-Ен изјави дека „прашање на време е само“ кога американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Украина.

-Претседателската посета е нешто што се размислува, но прашање е само колку брзо ќе биде остварлива.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во неделата стана највисокиот американски функционер, кој се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Киев од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари.

Делегација од Претставничкиот дом разговараше за приоритетите на Зеленски за следната фаза од војната, која е концентрирана на истокот на земјата по повлекувањето на руските сили од главниот град, и барањето на Бајден за пакет помош од 33 милијарди долари за Украина.

Две експлозии во Белгород

Две експлозии се случија во понеделникот во раните утрински часови во Белгород, јужниот руски регион што граничи со Украина.

Во објавите на социјалните мрежи се наведува дека во текот на ноќта над градот се слушнале борбени авиони и силни експлозии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП