20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија мора да му плаќа на Гаспром до 2030 година и за...

Германија мора да му плаќа на Гаспром до 2030 година и за гас што не го увезува

Рускиот гас е „крвав“ и на Германија не и треба такво нешто, предупредуваат моралистите од владејачките партии.

Германскиот министер за економија смислил план за откажување од рускиот гас.

Но, тој молчеше за некои важни работи.

Министерот за економија и вицеканцелар Роберт Хабек (Зелените) на прес-конференција одржана пред еден месец рече: „Поаѓаме од фактот дека во летото 2024 година ќе можеме да бидеме независни од рускиот гас – не сметајќи на еден мал дел.

Тоа беше одговор на зголемениот морален притисок врз владата во Берлин да престане да увезува гас што е „крвав“. Дури и по цена да нема алтернатива. „За слободата, можеме малку и да мрзнеме“, изјави поранешниот германски претседател Јоаким Гаук за јавната телевизија АРД на 9 март.

Сега излегува дека и тоа „мрзнење“ би можело да биде скапо. Истражувачкото новинарско списание „Фронтал“ на јавниот сервис ЗДФ откри дека германските договори со Гаспром за испорака на гас содржат клаузула „земи или плати“: Германија до 2030 година ќе мора да му плаќа на Гаспром и за гас што не го увезува.

Што би ја чинело нешто повеќе од 140 милијарди евра.

„Фронтал“ се однесува на реномираниот Оксфордски институт за енергетски студии (ОИЕС), кој има увид во договорите меѓу Германија и Гаспром. Експертот од тој институт, Џек Шарплс, го формулирал проблемот што не може да биде појасен: „Гаспром ќе добива пари – за џабе!“

Долгорочните договори вклучуваат попуст за купувачот и често содржат клаузула „земи или плати“ – тоа значи за продавачот дополнително обезбедување дека ќе ја добие договорената сума.

Според статистичкиот преглед за светската енергија на компанијата БП, во 2019 година, Германија купила 51 отсто од увезениот гас од Русија. Таа е и најголемиот увозник на руски гас во ЕУ.

Во 2021 година, квантитативниот просек на германски увоз на гас од Русија бил 46 милијарди кубни метри. Според планот на владата во Берлин, „малиот дел“ што сепак ќе пристигне од таа земја на крајот на 2024 година ќе изнесува околу 10 милијарди кубни метри.

Доколку работите се одвиваат како што најави министерот за економија, Германија до 2030 година ќе има двојно поскапување – не само што ќе го плати гасот на Гаспром што не го увезува, туку и тој што го увезува како негова замена.

Сега е јасно дека Роберт Хабек ќе треба да објасни зошто, при претставувањето на својот план за „намалување на зависноста“ од Гаспром, молчеше за клаузулата „Земи или плати“ и како ќе спречи 140 милијарди евра од даночните обврзници да бидат фрлени во ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП