26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei Mate Xs 2“ е најлесниот флексибилен телефон (ФОТО/ВИДЕО)

„Huawei Mate Xs 2“ е најлесниот флексибилен телефон (ФОТО/ВИДЕО)

Додека поголемиот дел од светот на „Android“ се свртува кон оние флексибилни телефони кои се наведнуваат навнатре (како што е „Galaxy Fold“), „Huawei“ не се откажува од својот дизајн, па „Huawei Mate Xs 2“ останува верен на дизајнот на својот претходник, со големи промени кои се кријат навнатре.

Телефонот има 7,8-инчен „OLED“ екран (кога уредот е расклопен) со резолуција од 2480 x 2200 px и брзина на освежување од 120 Hz. Преклопениот екран е со големина од 6,5 инчи со резолуција од 2480 x 1176 px. Има и селфи камера од 10 MP сместена во горниот десен агол.

И покрај прилично големите димензии, „Huawei“ успеа значително да ја намали својата тежина, па така „Mate Xs 2“ тежи само 255 грама, додека неговиот претходник тежеше над 300 грама.

Една од работите што „Huawei“ ги спомна за време на презентацијата беше механизмот на шарките. Имено, се работи за механизам со двоен ротор кој е промовиран со цел да се подобри долгорочната издржливост и не остава видливи набори на екранот. Колку е тоа вистина само времето ќе покаже.

„Huawei“ може да се пофали и со подобрена издржливост на екранот обложен со полимер (во превод, одреден вид пластика) благодарение на новата четирислојна структура. „Mate Xs 2“ поддржува пенкало „Huawei M-Pen 2s“, за да можете да правите белешки или да цртате на вашиот телефон со големина на таблет.

Како и „Mate X“ и „Mate Xs“, „Huawei“ користи модул за тројна камера на моделот „Mate Xs 2“. Има главна камера од 50 MP, ултра широка камера од 13 MP и телефото модул од 8 MP со 3x оптички и 30x дигитален зум и „OIS“.

Уредот што се преклопува се напојува со чипсет „Snapdragon 888“ 4G со 8 GB / 12 GB RAM и до 512 GB вградена меморија. „Mate Xs 2“ има батерија од 4.880 mAh со брзо полнење од 66 W и работи под платформата „Huawei HarmonyOS 2“.

„Huawei Mate Xs 2“ доаѓа во бела, црна и виолетова боја. Има почетна цена од 9.999 CNY (1.440 евра) за верзијата со 8/256 GB и оди до 12.999 CNY (1.870 евра) за верзијата со 12/512 GB.

За жал, нема информации за глобалната достапност на телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП