19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs го понуди првиот биткоин заем

Goldman Sachs го понуди првиот биткоин заем

Goldman Sachs го понуди својот прв заем во биткоини како најнов знак дека Вол Стрит навлегува подлабоко во криптовалутите.

Можноста за обезбеден заем на Голдман му овозможува на заемопримачот да користи биткоин (BTC) како колатерал за готовинскиот заем.

„Интересен дел за нас беше структурата и управувањето со ризикот 24-7-365 дена”, изјави портпаролката на Goldman за CoinDesk.

Goldman Sachs ги следи стапките на другите традиционални финансиски гиганти кои навлагаат подлабоко во крипто. Минатиот месец, “Cowen” лансираше единица за дигитални средства, а BlackRock учествуваше во кругот на финансирање од 400 милиони американски долари за Circle, кој ги создаде стејблкоините USDC.

Претходно во четвртокот, се појавија вести дека инвестицискиот гигант во приватен капитал Apollo Global Management ја ангажирал поранешната извршна директорка на JPMorgan Кристин Мој да биде првиот лидер во стратегијата за дигитални средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП