25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка прокнижи над 10,5 милиони евра добивка за првиот квартал

НЛБ Банка прокнижи над 10,5 милиони евра добивка за првиот квартал

НЛБ Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година оствари нето добивка во износ од 653.631 илјади МКД, што претставува зголемување за 30,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2022 година се повисоки за 4,4% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,7%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, население и останати финансиски институции, додека расходите за камати се пониски за 11,5% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 6,7% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 14,4% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 25,9%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи и повисоки расходи од услуги во платен промет во земјата и странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 195.554 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.243.609 илјади МКД и се повисоки за 3,9% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 535.959 илјади МКД и се зголемени за 5,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 20,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 4,7% во однос на претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП