Последната мисија на Марс со која роверот Perseverance слета на Црвената планета е по многу нешта посебна. Една од нив е дека со оваа мисија, Ingenuity слета на Марс, хеликоптер кој лета над површината повеќе од една година, фотографирајќи ја планетата и испраќајќи слики на Земјата.
Последните снимки кои се стари околу десет дена, а беа објавени само оваа недела, особено го одземаат здивот и изгледа неверојатно што се направени на Марс. Фотографиите направени со хеликоптерот ги покажуваат остатоците од леталото со кое Perseverance и Ingenuity слетаа на Марс, а може да се види дури и падобран кој помогнал да слета што побезбедно, а падобранот изгледа е во одлична состојба. Ова е одлична вест за научниците кои работат на технологијата за слетување бидејќи процесот на слетување е исклучително комплициран и тежок, а леталото е изложено на високи температури при влегувањето во атмосферата, а неговата брзина е дури 20 илјади км/ч.


