25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск продава акции на Тесла за да го купи Твитер

Маск продава акции на Тесла за да го купи Твитер

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, продаде 4,4 милиони акции на компанијата во вредност од околу четири милијарди долари, најверојатно за да помогне во финансирањето за купувањето на Твитер, пренесува AP.

Маск ја пријави продажбата во четвртокот, а акциите се продаваа во последните денови по цени од 872 до 999 долари. Најголем дел од акциите беа продадени во вторникот, кога акциите на Тесла паднаа за 12%, што е огромен пад за еден ден.

Најбогатиот човек на светот на својот Твитер профил напиша дека не планира дополнително да ги продава акциите на компанијата.

Се предвидува дека Маск би можел да позајми до 25,5 милијарди долари од голем број банки за да плати за преземањето на Твитер, но продажбата на акции потенцијално би можела да финансира дел од тоа.

Договорот за купување на Твитер по цена од 54,20 долари по акција беше објавен на почетокот на неделава и се очекува да биде затворен во текот на годината.

Сепак, пред да се заврши договорот, акционерите ќе мора да се повлечат, како и регулаторите во САД и земјите каде што работи Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП