ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа во 2021 година”. Компанијата го освои првото место во категоријата „Административни дејности“ за успешното справување со Коронавирусот и заштитата на вработените во услови на пандемија, како и спроведување на хуманитарна акција за крводарителство.
Наградени беа иницијативите на ЕВН за организирање на вакцинација за заинтересираните вработени, редовните антиген тестирања на невакцинираните вработени и вработените кои работат на клучни позиции за одржување на дистрибутивната мрежа на државно ниво. Наградена беше и крводарителската акција која се спроведе во просториите на ЕВН Македонија во соработка со Црвен крст.

