29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако двете најголеми банки во Македонија го зголемија кредитирањето без пораст на...

Како двете најголеми банки во Македонија го зголемија кредитирањето без пораст на депозитите

Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје ги објавија билансите од своето работење во првиот квартал од годинава на сајтот на Македонската берза.

И двете банки во првиот квартал од 2022 година го зголемиле кредитирањето на нефинансискиот сектор(домаќинствата и компаниите) во однос на крајот од минатата година.

Комерцијална банка го зголемила за 5,4 отсто, а Стопанска Банка АД Скопје за 4 отсто во однос на минатата година.

Значајно е да се напомене дека порастот на кредитирањето го направиле без пораст на депозитите од нефинансискиот сектор, односно без пораст на билансната состојба, односно дури во услови на нивен слаб пад.

Банките направиле преструктуирање на своите пласмани во активата пренесувајки дел од своите средства во кредити на нефинансискиот сектор, повеќе кредити на домаќинствата и компаниите.

Кредитите на нефинансискиот сектор се највисоко каматоносни пласмани на банките и така двете банки во првиот квартал од годината остварија повисоки нето каматни приходи во однос на првиот квартал од минатата година.

Високите каматни приходи во најголем дел допринесуваат за високите добивки во првиот квартал во двете банки.

Добивката на Комерцијална банка изнесува 522,6 милиони денари и е повисока за 45,1 отсто, додека добивката на Стопанска банка изнесува 736,4 милиони денари и е повисока за 30 отсто во однос на првиот квартал од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП