3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Паметна чорапа“ го следи здравјето на вашето бебе

„Паметна чорапа“ го следи здравјето на вашето бебе

bebe

Како спие бебето? Дали му е ладно? Дали и натаму лежи на грбот? Овие и многу други прашања се предмет на многу родители во текот на првите месеци од раѓањето на нивното бебе, но сега пристигнува уред кој ќе им помогне при дел од негата.

„Owlet“ е мал „чорап“ кој се става на ногата на бебето додека спие. Овој уред истовремено го мери пулсот, температурата, заситеноста на крвта со кислород и дали бебето спие на грб.

Еден сензор го мери пулсот и заситеноста на крвта со кислород, а акцелерометар ја следи положбата на бебето и дава увид во квалитетот на сонот. Преку него се испраќа предупредување доколку бебето се свртило на стомак. Термометар ја мери температурата на бебето. Сите податоци се испраќаат на мобилниот телефон или на компјутер и овозможуваат детален увид за здравјето на бебето.

„Owlet“ не се финансира преку „Kickstarter“, но веќе имаат изработено неколку прототипи и преку својата интернет страна бараат финансиска поддршка, слично како што се финансираат проекти и на „Kickstarter“.

Сега за 159 долари може да се купи уредот, чија цена подоцна ќе изнесува 199 долари. Целта е да се соберат 100.000 долари, а досега креаторите на овој уред имаат собрано нешто помалку од половина, а кампањата трае уште 26 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП