2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ64. ден војна во Украина: Русија свикува неформален состанок на Советот за...

64. ден војна во Украина: Русија свикува неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на 6 мај; Експлозија во близина на ТВ кулата во Керсон

Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации.

– Доколку сакате да ја дознаете вистината за реалната состојба на теренот, добредојдени сте на нашата средба на 6 ма, рече Леонидиченко.

Гутереш: Оваа војна нема да заврши поради средбите, тоа мора да биде одлука на Русија

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој синоќа пристигна во Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја коментираше неговата неодамнешна средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека пораката на ОН на средбата лице в лице со Путин е иста како онаа што ја испратија ОН на почетокот на конфликтот – руската инвазија на Украина ја прекршува Повелбата на ОН и мора да биде завршена што е можно поскоро. Сепак, Гутереш ја опиша неговата средба со Путин како „многу корисна“.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Гутереш ја изрази својата загриженост поради руското кршење на меѓународното право, човековите права и „можноста да се извршат воени злосторства“.

Гутереш ја бранеше улогата на ОН во обидите да се стави крај на војната која трае веќе 2 месеци.

-Оваа војна нема да заврши благодарение на средбите. Оваа војна ќе заврши кога Руската Федерација ќе одлучи да ја прекине и кога – по прекинот на огнот – ќе се појави можноста за сериозен политички договор. Можеме да одржуваме состаноци на неодредено време, но тие нема да ја завршат војната, рече Гутереш.

Путин предупреди на „молскавична одмазда“ доколку западот интервенира

Владимир Путин предупреди дека сите земји кои ќе се обидат да се мешаат во Украина ќе наидат на „молскавична“ реакција од Москва.

Во обраќањето пред пратениците во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека војниците ќе ги употребат „сите алатки за тоа – оние со кои никој не може да се пофали“.

Експлозија во близина на ТВ кулата во центарот на окупираниот Керсон, Русите тврдат дека Украинците истрелале три ракети

Силна експлозија одекна во близина на голема ТВ кула во центарот на окупираниот украински град Керсон.

На видеото, чија автентичност ја потврди Си-Ен-Ен, се гледа експлозија во воздухот во близина на ТВ-кулата.

Руската прорежимска новинска агенција тврди дека украинските сили истрелале три ракети врз градот, кој е под руска окупација од почетокот на март.

Уништени се два проектила, тврди РИА, повикувајќи се на безбедносен извор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП