Германија, со сума од 9,1 милијарди долари, е најголемиот купувач на руски енергенси во првите два месеци од почетокот на војната во Украина, се наведува во извештајот на независна истражувачка група, пишува Вашингтон пост.
Според пресметките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух, Русија заработила 66,5 милијарди долари од извозот на фосилни горива откако руските војници ја нападнаа Украина на 24 февруари, се вели во студијата објавена денеска од таа организација.

