29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје продолжува со успешните финансиски резултати - рекордна добивка...

Стопанска банка АД Скопје продолжува со успешните финансиски резултати – рекордна добивка за првиот квартал

Стопанска банка АД Скопје за периодот 01.01-31.03.2022 оствари добивка пред оданочување на износ од 736.443 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 30%.

Ова во најголем дел се должи на зголемени приходи по сите основи како резултат на зголемен обем на деловни активности и зголемено кредитно портофлио на Банката. Истовремено, споредено со истиот период од минатата година износот на исправка на вредност на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансната изложеност е понизок за 24%, што е резултат на успешното управување со кредитниот ризик и сочуваниот квалитет на кредитното портфолио на Банката, наспроти сите предизвици во опкружувањето. Ваквиот финансиски резултат Банката го остварува со актива која на 31.03.2022 година изнесува 114.180.513 илјади денари, без промени во однос на крајот од минатата година.

Како и во досегашниот период, Банката продолжува да се потпира на своите здрави фундаменти, успешен деловен модел, силна капитална и ликвидносна позиција, како и воспоставен успешен систем за управување со ризиците и корпоративно управување.

Нето-приходите од камати изнесуваат 991.553 илјади денари и се зголемени за 8% во однос на истиот период од минатата година, најмногу како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа, зголеменото кредитно портфолио на Банката. Трендот на ниски каматни стапки е сеуште присутен, со поголем ефект кај каматните расходи поради поголемиот износ на депозити во однос на кредити.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 214.243 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на анализираниот период во 2021 година. На наведената состојба има влијание зголемениот обем на активности, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 40% и изнесуваат 41.712 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 55% и изнесуваат 133.752 илјади денари.

Оперативните трошоци од работењето останаа на релативно исто ниво и покрај зголемувањето на цените на скоро сите позиции, при што трошоците за вработени изнесуваат 227.120 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 191.348 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 182.862 илјади денари, која е намалена за 24% во однос на истиот период од претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП