25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка прокнижи 8,5 милиони евра добивка за првиот квартал

Комерцијална банка прокнижи 8,5 милиони евра добивка за првиот квартал

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01-31.03.2022 година од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 522,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 360,2 милиони денари што претставува зголемување за 45,1%.

Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 89%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 1,1% поголема во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовно работење (нето-приходите од камата и нето-приходите од провизии и надомести). Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на сеуште присутни ризици поврзани со идниот тек на пандемијата, зголемена инфлација која на почетокот од годината ги надминува проекциите, енергетска криза и воен конфликт помеѓу Русија и Украина, кои се очекува да имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.124 милиони денари и бележат зголемување од 6,7% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2022 година истите бележат зголемување од 9,6% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на зголемувањето на приходите од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, држава и домаќинства, како резултат на зголемено кредитирање. Планот за анализираниот период е остварен со 97,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2022 година изнесуваат 250,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4%. Планот за анализираниот период е остварен со 99,4%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2022 година изнесуваат 57,3 милиони денари и бележат зголемување од 36,9%. Планот за анализираниот период е остварен со 136,4%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2022 година изнесуваат 186,9 милиони денари и бележат намалување од 0,4% во најголем дел како резултат на помалиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, додека приходите од наплатените претходно отпишани побарувања се зголемени. Планот е остварен со 66,1%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2022 година изнесуваат 471,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 15,6% како резултат на зголемен износ на плати и други трошоци на вработените поради зголемување на вредноста на бодот за 5% од почетокот на годината, зголемена амортизација, премии за осигурување на депозитите и донации во спортот по принцип на ваучери и др. Планот е остварен со 100,6%.

Во периодот од 01.01-31.03.2022 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 1,1 милион денари.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 128,8 милиони денари, наспроти 283,7 милиони денари во истиот период минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП