25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагриженост поради ангажманот на Маск во Твитер: Тесла изгуби 126 милијарди долари...

Загриженост поради ангажманот на Маск во Твитер: Тесла изгуби 126 милијарди долари од пазарната вредност вчера

Илон Маск последниве денови ги полни насловите на светските медиуми со преземањето на Твитер. За социјалната мрежа на која е еден од најпопуларните членови ќе плати дури 44 милијарди долари, а откако ќе стане нејзин сопственик ќе треба да почне со големите промени кои ги најави. Но, освен тоа, не е дека Маск нема што друго да прави бидејќи е ангажиран во Tesla, SpaceX, како и во неговите компании Neuralink и The Boring Company.

Иако досега се покажа како неверојатно успешен во мултитаскингот, прашање е како неговиот нов ангажман ќе влијае на неговата работа во Тесла и другите компании. Можеме да видиме дека постои одредена недоверба кај инвеститорите според вчерашната состојба на берзата. Имено, ден по објавувањето на официјалната информација за купувањето, вредноста на акциите на Tesla падна за повеќе од 12 отсто, односно избришани се дури 126 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.

Иако ова не се добри денови за технолошките компании на берзата и Nasdaq моментално е на најниско ниво од крајот на 2020 година, Reuters причините за големиот пад на Tesla ги гледа пред се во ситуацијата околу Twitter.

Аналитичарот на Wedbush Securities, Даниел Ајвс, смета дека инвеститорите се загрижени не само поради фактот што Маск, поради Твитер, сега би можел помалку да се занимава со Tesla, туку и затоа што би можел да почне да ги продава своите акции за да обезбеди финансирање за купување на социјалната мрежа.

Интересно, цените на акциите на Твитер вчера паднаа под 50 долари (Маск се согласи да купи по 54,20 долари по акција), што е исто така поврзано со акциите на Тесла, наведува Ројтерс. Имено, доколку продолжи падот на цените на акциите на Tesla, богатството на Маск ќе се намали, па тој можеби ќе се премисли за преземање на Twitter. Во тој случај, според договорот што го потпиша со Твитер, компанијата ќе треба да плати милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП