26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ најде решение за санкциите и се враќа на голема врата?

„Huawei“ најде решение за санкциите и се враќа на голема врата?

Новиот бренд „Hi Nova“ е основан за да се елиминираат проблемите со снабдувањето со чипови кои поддржуваат 5G и да се избегне проблемот со залихите поради ембаргото.

Производите на брендот се базираат на паметни телефони од серијата „Huawei Nova“. Брендот „Hi Nova“ се појави со серијата „Nova 9“, серија претставена од „Huawei“ во 2021-ва година.

Постојат многу подбрендови на „Huawei“ базирани на „Huawei Nova 9“. Постои модел „Honor 50“, кој е идентичен со моделот „Nova 9“, освен чипот и софтверот за 5G поддршка. По „Nova 9“ и „Honor 50“, тука е серијата „Hi Nova 9“, која засега е достапна само на кинескиот пазар. Серијата вклучува 3 модели: „Hi Nova 9“ (стандарден модел), „Hi Nova 9 Pro“ и „Hi Nova 9 SE“.

Бидејќи брендот „Hi Nova“ не би бил под влијание на американските санкции, не смее да биде под брендот „Huawei“, т.е. сопственик не може да биде „Huawei“.

Проблемот со сопственоста е прилично лесно решен, а официјален сопственик е „China Post“, кинеска државна компанија која управува со официјалните поштенски услуги во земјата. Проблемите кои произлегуваат од овој маневар се решени со договор за стратешко партнерство меѓу двете компании, а тој договор постои од 2019-та година додека „Huawei“ се подготвуваше за ембаргото.

Тоа што „Huawei“ нема директна врска со брендот „Hi Nova“ ги реши речиси сите проблеми во кои се наоѓа „Huawei“. Така, „Hi Nova“ може да купи „Qualcomm“ чипови со поддршка за 5G, да ја користи најновата верзија на „Android“ на новите паметни телефони и да нема проблеми со ограничените залихи на производи (за да може да функционира како и секоја друга компанија за производство и продажба на паметни телефони).

Сè уште не е познато до каде ќе оди ова партнерство и дали ќе го одбележи големото враќање на „Huawei“ на светските пазари, но се очекува дека ова е сценариото кое сите го посакуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП