Твитер е се поблиску до договорот за продажба на компанијата на Илон Маск по цена од 54,2 долари по акција, што милијардерот ја нарече своја најдобра и последна понуда, пишува Ројтерс.
Компанијата би можела да ја објави својата продажба по вкупна цена од 43 милијарди долари во текот на денот, откако одборот на директори ќе се состане и ќе им ја препорача трансакцијата на своите акционери, велат изворите, додавајќи дека зделката може да пропадне во секој момент.

