1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНерамнините на патот може да бидат од корист!

Нерамнините на патот може да бидат од корист!

dupka

Секој пат кога вашето возило ќе се потресе или отскокне поради нерамнина или дупка на патот доаѓа до загуба на енергија. Доколку е така, дали би можело таа енергија да се зачува и искористи, на пример, за да се намали потрошувачката на гориво?

Компаниите „ZF Friedrichshafen AG “ и „Levant Power Corp.“ пронајдоа начин како тоа да се стори. Нивните инженери го измислија „GenShock“ – активен систем на суспензија со функција за регенерација на енергија. Доколку производителите на автомобили покажат интерес за овој производ тој би можел да се најде во сериските модели во наредните неколку години.

zf

„ZFSistem“ работи врз основа на едноставен принцип – кинетичката енергија која се произведува со движење на деловите во системот при нерамнините на патот се претвора во електрична енергија и се испраќа во електричниот систем на автомобилот. Со тоа се намалува потребата за генерирање на енергија во делот за електрична енергија која ја создава моторот со својата работа, а со тоа и потрошувачката на гориво.

Што повеќе има нерамнини на патот, поголемо е регенирањето на енергијата, а покрај енергијата која настанува при возењето на нерамен пат, се собира и енергија која системот ја генерира при сопирањето или забрзувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП