24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбизарниот луксузен автомобил доби нова верзија (ФОТО/ВИДЕО)

Најбизарниот луксузен автомобил доби нова верзија (ФОТО/ВИДЕО)

Италијанците важат за мајстори на дизајнот во светот на автомобилите, но „Aznom Palladium“ е малку премногу за многумина.

Нема сомнеж дека италијанскиот производител на каросерии постигна оригинален дизајн со ова возило. Уште полуда е неговата основа, а тоа е американскиот камионет „Ram 1500“.

Американско-италијанската врска вклучува и американски погон, а во овој случај 5.7-литарскиoт V8 е дотеран на 700 ks и 950 Nm. Вака моторизираниот „Palladium“ од 0-100 km/h забрзува за 4,5 секунди, пред да достигне максимални 210 km/h.

Сепак, еден клиент сакаше нешто повеќе – поставување на мотор 6.4-литарски V8 „Hemi“.

Овој агрегат со две турбини произведува дури 850 ks и 1.050 Nm. Поврзан со 8-степен автоматик, до „стотка“ достигнува за 4 секунди.

И да, ќе може да достигне 250 km/h. Сепак, не предолго, со оглед на тоа дека „Hemi“ страда од огромна жед при „полн гас“, а тоа значи дека потрошувачката на гориво е огромна.

Како што претходно беше најавено, „Aznom“ ќе произведе само 10 примероци од моделот „Palladium“, а еден очигледно ќе биде единствен, дури и поскап од другите чија почетна цена е 1,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП