2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроблеми за 370.000 возила на Форд

Проблеми за 370.000 возила на Форд

ford

Американската компанија Форд најавува повлекување на околу 370.000 модели произведени во периодот од 2005-та до 2011-та година на територијата на Северна Америка поради проблем со системот за управување на возилото.

Управата на компанијата соопшти дека станува збор за повлекување на моделите „Ford Crown Victoria“, „ Mercury Grand Marquis“ и „Lincoln Тown Сar“.

Солта која се фрла на патиштата за време на мраз доведува до голема корозија која може да го оштети управувачкиот ситем и да доведе до губење на контролата над управувањето на возилото.

Околу 355.000 автомобили на Форд ќе бидат повлечени од САД, а 15.000 од Канада. Се уште не е пријавен никаков инцидент кој е предизвикан од овој недостаток на возилата.

Сопствениците на автомобили ќе бидат повикани да се јават во најблиското претставништво на Форд за да се изврши преглед и евентуално отстранување на дефектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП