26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога глобалната логистика ќе се врати во нормала?

Кога глобалната логистика ќе се врати во нормала?

Поморската индустрија може да почне брзо да закрепнува кон крајот на април, бидејќи ширењето на Ковид-19 во Кина полека се намалува.

Ова за „CNBC“ го изјави основачот на транспортната компанија „Mandarin Shipping“, Тим Хаксли.

Во март беше воведен „локдаун“ во Шангај поради зголемување на случаите со Ковид-19. Градот е дом на најпрометното пристаниште за контејнери во светот.

„Самото пристаниште, всушност, остана отворено за да можат бродовите да влезат во него, но имаше проблеми со испораката на товар до и од пристаништето по копно“, рече Хаксли.

Во последните неколку недели, Кина беше погодена од најлошиот бран на пандемијата откако започна во 2020-та година. Властите воведоа строги правила за возачите на камиони кои влегуваат во Шангај. Овие ограничувања го направија транспортот на стока во и надвор од градот поскап и помалку ефикасен.

Според Хаксли, Шангај има многу зафатени синџири на снабдување кои се планирани да пристигнат навреме и не се многу флексибилни. Како резултат на тоа, фабриките немаат друг избор освен да се затворат кога има прекини во снабдувањето.

„Редот“ на товарни бродови кои чекаат во големите кинески пристаништа, како што е Шангај, е се подолг со секој изминат ден.

Прекините на синџирот на снабдување станаа еден од најголемите проблеми за глобалната економија уште од раните фази на пандемијата како резултат на заклучувањата, промените во однесувањето на потрошувачите и, од неодамна, војната во Украина.

Можеби ќе биде потребно извесно време работите да се вратат во нормала, но Хаксли рече дека може да се постигне значително олеснување откако ќе се обнови кинеската логистичка мрежа.

„Како резултат на сето ова, го гледаме најсилниот скок на цените на контејнерскиот транспорт и побарувачката за транспортни услуги во историјата“, додаде тој.

Хаксли, исто така, предвидува дека со враќањето на нормалното функционирање на индустријата, ќе има огромна количина на задоцнета побарувачка, која пазарот ќе мора да ја преземе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП