6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hasbro“ очекува голем финансиски удар поради војната во Украина

„Hasbro“ очекува голем финансиски удар поради војната во Украина

Производителот на играчки Hasbro не ги исполни очекувањата на „Wall Street“ за својот тримесечен профит и предупреди на потенцијален приход од 100 милиони долари во оваа година поради руската инвазија на Украина.

Цената на акциите на компанијата падна за 2% до 81,80 долари пред почетокот на трговскиот ден, бидејќи скокот на трошоците за суровини влијаеше на профитот на гигантот.

Иако побарувачката за играчки се зголеми откако започна пандемијата бидејќи децата поминуваа повеќе време дома, затворањето на фабриките, недостатокот на контејнерски бродови и долгите доцнења во пристаништата доведоа до зголемување на трошоците и намалување на маргините на профитот на „Hasbro“.

Прилагодената оперативна маржа на компанијата за првиот квартал падна на 12,2% од 15,6%.

„Hasbro“ објави приспособена нето добивка од 57 центи по акција за кварталот што заврши на 27-ми март. Ова се покажа дека е под прогнозата од 61 цент по акција според „Refinitiv IBES“.

Сепак, нето приходот на производителот на „Monopoly“ се зголеми за 4% на 1,16 милијарди долари, што беше над прогнозата од 1,15 милијарди долари, благодарение на побарувачката за игрите „Magic: The Gathering“ и „Dungeons & Dragons“.

Успехот на единицата во која паѓаат овие игри го привлече вниманието на инвеститорот активист „Alta Fox Capital Management“, кој ја повикува „Hasbro“ да го оддели бизнисот.

„Hasbro“ соопшти дека очекува нејзиниот оперативен профит за фискалната 2022-ра година да порасне за просечен едноцифрен процент, додека претходната прогноза беше за низок едноцифрен процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП