17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ56. ден војна во Украина: Русите им поставија нов ултиматум на бранителите...

56. ден војна во Украина: Русите им поставија нов ултиматум на бранителите на Мариупол, Зеленски: Можевме да ја завршиме оваа војна

Министерството за одбрана на Русија им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пишува Ројтерс, а пренесува Би-би-си.

– Руските вооружени сили, повторно предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето, соопшти руското Министерство за одбрана.

Ниту еден украински војник не ја прифати истата понуда во вторникот, се вели во соопштението на Министерството.

Зеленски рече дека Украина можеше да стави крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање рече дека Украина, доколку имаше пристап до подобро оружје, ќе ја завршеше оваа војна.

– Ако Украина имаше оружје кое може да се спореди со она што го користат Русите, досега ќе ја завршевме оваа војна, рече Зеленски.

„Русија ќе ги таргетира патиштата за испорака на оружје“

Соединетите Држави веруваат дека Русија ќе ги таргетира рутите што се користат за испорака на оружје, во обид да го забави снабдувањето со американско и партнерско оружје што влегува во Украина.

Руските сили не таргетираа често подвижни цели како што се конвои или железнички испораки, но би можеле да се обидат да уништат мостови, патишта и шини што се користат за транспорт на оружје и материјали во земјата, изјави неименуван претставник.

Велика Британија ветува повеќе оружје, вклучително и ракети Бримстоун за Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека планира да го опреми Киев со противбродски ракети и оклопни ракетни фрлачи – вклучително и поставување на британски ракети Бримстоун на возилата.

Веста уследи по телефонскиот разговор што Џонсон го имаше со американскиот претседател Џо Бајден и други светски претставници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП