25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаучниците мислат дека ја откриле тајнaта на „планетите што врескаат“ од длабоката...

Научниците мислат дека ја откриле тајнaта на „планетите што врескаат“ од длабоката вселена

Универзумот сè уште е голема непозната за научниците. Секое ново откритие само се чини дека отвора цела низа нови прашања.

Неодамна објавената студија во списанието Astrophysics Journal се занимава со новооткриените и сè уште необјаснети радио бранови кои научниците ги снимиле во длабочините на вселената. Како што објасни водачот на студијата, астрономот Јонг-Фенг Хуанг во интервју за Science News, изгледа дека овие звуци доаѓаат од ѕвезди што умираат. Како еден вид последен крик.

Звуците што ги снимиле научниците траат само милисекунда и се бележат како радио бранови, но сè уште не е откриено од каде доаѓаат и како настануваат. Дури се шпекулираше дека тие потекнуваат од некоја вонземска култура или технологија. Но, се чини дека изворот е многу поедноставен.

Хуанг и неговите колеги развија хипотеза дека овие звуци би можеле да бидат резултат на многу густи неутронски ѕвезди кои се сретнуваат со планетите во нивните орбити. Идејата е дека тие планети се приближуваат до многу нестабилните ѕвезди кои умираат, поради што гравитацијата едноставно ги уништува дел по дел, што резултира со искривување на планетите и нивно распаѓање.

Откако парчиња од овие планети ќе отпаднат, тие се судираат со ветерот од честички и радијацијата кои неутронската ѕвезда ги емитува, што резултира со емисија на силни радио бранови.

Хуанг и неговите астрономи ја споредија својата хипотеза со два од најпознатите случаи на „вселенски звуци“ – оној од 2016 година кој се повторува на секои 160 дена и другиот, неодамна откриен, кој се појавува на секои 16 дена. Тие заклучија дека нивната хипотеза може да ги објасни двата случаи.

Но, тие се свесни дека нивната хипотеза треба дополнително да се истражи и докаже, а за тоа ќе бидат потребни години на систематско истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП